ПО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НЛО: Директорот на НАСА не исклучи вонземски живот

Директорот на НАСА навести дека веројатно не сме сами во универзумот. Бил Нелсон ја даде својата изјава кога го прочита тајниот дел од извештајот за многу средби со НЛО од американски воени пилоти.

Според него, сè уште е непознато што виделе пилотите, но тие сигурно виделе нешто.

 

 

 

Документот резимира дека 140 такви објекти се забележани, но не можат да ги идентификуваат. Експертите на НАСА сè уште ги проучуваат записите.

 

„Моето чувство е дека таму очигледно има нешто. Можеби не е за нас туѓ објект, но ако не е, тоа е технологија што ја имаат некои наши противници за која треба да се грижиме. Кога станува збор за универзумот - универзумот е толку огромен. Во НАСА, имаме програма за пребарување вонземски интелигенција. Но, досега немаме никакви податоци за комуникација од нешто што е интелигентно“, рече Нелсон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.