Откриен е вториот сончев брод на Кеопс (ФОТО)

Египетско-јапонска археолошка експедиција го заврши отстранувањето на вториот сончев брод на Кеопс од јамата до Големата пирамида во Гиза, каде што беше откриен, објави Ал Ахрам.

Речиси 1.700 дрвени фрагменти се ископани од тринаесет слоеви во јамата, а нивното првично обновување и реставрација е завршено.

 

 

1.343 парчиња веќе се префрлени во Големиот египетски музеј покрај Пирамидите во Гиза, кој се очекува да биде отворен со раскошна церемонија до крајот на оваа година. Претстојат подготовки за последната фаза на обновување и составување на бродот. Бродовите на Кеопс ќе бидат изложени во посебна зграда во музејскиот комплекс.

 

 

Јапонската агенција за меѓународна соработка во Каиро ќе обезбеди 3 милиони долари за да се заврши реставрацијата и изложбата на вториот брод. Во 2013 година, Агенцијата додели грант од два милиона долара за ископувањата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.