Здравје/Фитнес

ВНИМАВАЈТЕ! Менталното здравје му штети на крвниот притисок

Вашиот крвен притисок, би требало сериозно да го сфатите, бидејќи болестите на срцето се едни од најголемите убијци.

 

Познато е дека здравата исхрана и физичката активност се клучни за здраво срце. Но, изгледа дека голема улога има и нашето менталното здравје.

 

Ако некогаш сте биле во навистина жестока расправија што ви го покачила крвниот притисок, тогаш знаете колкаво влијание има менталното здравје на вашето срце. Неколку истражувања забележале дека долгата депресија или анксиозност можат да предизвикаат хипертензија.

 

Дури и ако не сте дијагностицирани со ментално нарушување, предолгата изложеност на стрес е лоша за вашето срце и за вашиот крвен притисок. Кога сте во стресна ситуација хормоните го преплавуваат вашето тело и ви го забрзуваат чукањето на срцето. Иако нема конкретни докази кои покажуваат дека хроничниот стрес ве прави склони на хипертензија, стресот може да предизвика нездраво однесување што потоа може да предизвика штета.

 

Намалувањето на стресот и подобрувањето на квалитетот на вашиот живот може да има директно влијание на здравјето на вашето срце.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.