Здравје/Фитнес

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ- Чоколадна торта со мармалад од шипка

Ова е една од оние вкусни чоколадни торти, кои се на база на чоколадно тесто, без филови, односно тука филот е премазот од мармаладот од шипки, кој дава еден одличен спој на целата торта.

 

 

Состојки

 

200 гр темна чоколада

8 жолчки

150 гр шеќер

10 гр ванилин шеќер

150 гр путер

160 гр брашно

1 пециво

8 белки

 

Фил

400 гр мармалад од шипка

Прелив - 5-6 лажици ликер од вишна

Глазура 150 гр чоколадо за готвење

50 мл слатка павлака

20 гр чоколадни капки за декорација

 

Начин на подготовка

 

1. Стопете ја чоколадата на пареа и оставете ја малце да се излади.

2. За тоа време изматете го путерот со шеќерите, а потоа пополека додавајте ги жолчките, едно по едно и постојано матете.

3. На крај се додава и растопеното чоколадо и се убаво се спојува.

4. Во друг сад се матат белките со прстофат сол, додека да добиете цврста пена.

5. Пополека додавајте од пената од белки во чоколадната смеса и мешајте со лажица, додека да се спои смесата, но внимавајте да остане пенеста.

6. Во смесата се додава просејаното брашно и пециво и повторно мешаме, додека да се хомогенизира и потоа се истура во округла тава, бр.26 и се пече.

Печеме во загреана рерна на 170-180 степени, околу 40-45 мин. (проверете со чепкалка, дали е печена смесата).

7. Печениот колач после 10-15 мин се вади од калапот и се превртува. Потоа се сече на половина. На едната половина ставаме од ликерот, за да се натопи тестото (ако немате ликер, натопете со редок шербет).

8. Во касерола го загреваме мармаладот, за да може полесно да се размачкува и прво на половина од него ставаме по средината од тестото, поклопуваме со другата половина тесто и ја премачкуваме целата торта.

9. Ја оставаме во фрижидер на половина час, убаво да се упие мармаладот.

10. На крај ја подотвуваме глазурата, едноставно со мешање на чоколадото и слатката павлака на среден оган и со неа ја прелеваме целата торта.

За декорација, чоколадни капки.

 

Добар апетит!!!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.