Здравје/Фитнес

Започнете го денот со чаша здравје

Најздравиот начин да го ревитализирате вашето тело со витаминска бомба е преку природен домашно исцеден сок.

 

Свежите сокови од овошје го чистат организмот од насобраните токсини, а соковите од зеленчук го регенерираат, додека заедно го зајакнуваат имунитетот.

 

Потребен е само соковник и добра волја, па чашата на здравјето ќе биде и чаша на задоволство. Го препорачуваме сокот од јаболко.

 

Сокот од јаболко содржи пектин кој ги чисти црниот дроб и цревата и ја обновува цревната флора. Ги апсорбира отровите од цревата и со тоа го олеснува прочистувањето на крвта и кожата, а исто така го подобрува и излачувањето на мокрачната киселина.

 

Благодарение на изобилното количество витамини и минерали, сокот од јаболко ги чува срцето и крвните садови и го намалува нивото на холестерол во крвта. Сокот мора да биде 100% чист, без додаток на шеќер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.