Здравје/Фитнес

НАЈЧИТАНО НА МТМ ВО 2019: ШВАЈЦАРСКИ НАУЧНИЦИ ГО ЗАПРЕПАСТИЈА СВЕТОТ: Во лечење на дијабетес наместо инсулин може да се користи едноставен напиток

Швајцарски научници неодамна откриле дека кафето би можело да биде "нова инекција инсулин" за дијабетичари.

 

Имено, во светот денес живеат повеќе од 415 милиони лица заболени од дијабетес, а се предвидува дека до 2030 година дијабетесот ќе биде седма главна причина за смрт, бидејќи оваа болест е една од најбрзо растечки јавни здравствени проблеми.

 

"Вредностите на шеќерот во крвта може да бидат повеќе од досега дозволени"

 

Луѓето заболени од дијабетес тип 1 и многу со типот 2 мора постојано да го следат нивото на шеќер во крвта и да се регулираат со инјекции на хормоните на инсулините.

 

Давање инјекција на инсулинот е ефикасен начин на лекување, односно контрола, на оваа хронична состојба, но е далеку од перфектно.

 

Без инсулин, на лицата со дијабетес им се зголемува нивото на шеќер во крвта, се чувствуваат многу лошо, се јавува главоболка, а може да се изгуби и свеста.

 

Поради тоа, се спроведуваат многу истражувања за да можат и без употреба на инјекција на инсулинот да го контролираат ова заболување, а пред сè се работи за информирање на луѓето како со здрав животен избор да спречат појава на шеќерната болест тип 2.  

 

Научниците на глувци спроведоа експеримент кој ветува, а ако со понатамошни испитувања се покаже слично дејство и на луѓето - односно дека обично кафе влијае на нивото на гликоза и чувствителноста на човекот на инсулин - тогаш дијабетичарите би можеле да заменат две или повеќе дневни инјекции инсулин со кофеински напитоци кои ќе ги земаат пред јадење. За докажување на ефикасноста потребни се понатамошни истражувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.