Здравје/Фитнес

Како Франција стимулира безбеден секс?

Денеска е ден за борба против вирусот ХИВ и СИДА. Додека светот се уште нема лек или вакцина за болеста, во Франција се промовира интересен начин за борба против сексуално преносливите болести, како и несаканата бременост.

Здравствениот систем ќе му врати на потрошувачот 60% од износот потрошен за купување кондоми. Сепак, ова ќе се случи само откако докторот или акушер ќе препише рецепт.

Доктор Оливие Па, гинеколог во Париз, ја дефинира одлуката на Министерството за здравство како добар потег, бидејќи практиката покажува дека во земјата продолжува на расте бројот на заразените со ХИВ и сифилис.

Здравствените експерти се на мислење дека одлуката на министерството ќе има двојно поволен ефект врз превенција и рана дијагностика на сексуално преносливи болести, бидејќи за да добијат рецепт за бесплатни кондоми, пациентите треба да посетат специјалист. Тоа, од една страна, ќе ја подигне нивната свест, а од друга ќе им овозможи на лекарите да им ја следат здравствената состојба.

Специјалистите проценуваат дека превенцијата на сексуално преносливи болести со бесплатни заштитни средства ќе излезе доста поекономично за здравствениот систем. Во моментов, во Франција, државата троши скоро 2 милијарди евра и тоа само за лекување на серопозитивните пациенти со ХИВ.

Според неофицијалните податоци носители на ХИВ вирусот во Франција има околу 155 000, а нови случаи годишно се 6000. Целта на владата е да ги сведе на нула инфекциите со вирусот до 2030 година. Одлуката на министерството ќе стапи во практична употреба пред крајот на оваа година.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.