Здравје/Фитнес

Народен лек за лечење на катаракта (рецепт)

За да го направите лекот потребно ви е парче фланелна ткаенина, доволно густа за да држи вода.

 

Од неа сошијте две вреќички, со големина 5x5 сантиметри. Потоа во секоја од нив ставете по три со врв полни кафени лажички семе од мирудија.

 

Вреќите врзете ги и ставете ги во емајлиран сад и прелијте ги со ладна вода, така да бидат целосно потопени. Садот варете го до зовривање, и оставете ги вреќичките да се варат две минути. Потоа, со цедалка извадете ги вреќичките и оставете ги да се исцедат на чинија.

 

Уште додека се топли вреќичките ставете ги на очи. Покријте ги со целофан и со топла крпа. Држете ги наочите, додека не се изладат, околу10-15 минути. Овој третман се прави навечер, пред спиење.

 

Така подготвените вреќички можат да се употребат два пати, а потоа семето се фрла. Вреќичките нема потреба да ги фрлате, доволно е да ги исперете со чиста вода, без сапун, наполнете ново семе и продолжете со третманот за лечење. Секој пат треба да наполните нова, чиста вода.

 

Рецептот повторувајте го секоја вечер, најмалку еден месец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.