Здравје/Фитнес

АСТРОЛОЗИ: Усогласете ја новогодишната трпеза со кинескиот календар

Трпезата за 2019 година треба да биде во согласност со кинескиот календар, советуваат астролозите.

 

Ако ги слушаме нивните препораки, ќе мораме да се откажеме од неколку празнични јадења.

Според астролозите, би било добра идеја менито на Нова Година да биде во согласност со кинескиот календар.

Според нив, 2019 година ќе биде година на Жолтата земска свиња. Затоа астролозите препорачуваат да не се јаде свинско месо. Особено тоа се забранува меѓу 30 декември и 1 јануари. Ова само по себе значи дека во овој период на масата не треба да има не само печено свинско месо, туку и различни видови колбаси, шунка и свинско месо.

Наместо тоа, астролозите дозволуваат да се конзумира пилешко, мисиркино, говедско, овчо и риба. На овие јадења се препорачува додавање друг зеленчук, а за десерт се предлага овошје, ореви и колачи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.