Здравје/Фитнес

Храна за мозокот: Овој доручек ја подобрува меморијата (фото)

Не секоја битка е физичка, постојат и ментални конфликти, а потоа на вашето тело му е потребно нешто за да го подигне.

 

За секој човек приоритет е менталната чистота и брзото размислување кога е на работа. Затоа започнете го денот со мрсна риба бидејќи се верува дека е добра за меморијата. 

 

Студиите од неврологија велат дека ако јадете мрсна риба три пати неделно, ја намалувате загубата на меморијата за 25%.

 

Протеинот од рибата, како и јајцата, ќе го задржат вашиот апетит и нема да ви сметаат во вашата работа.

 

Што треба да направите?

 

Потребни состојки:

2 јајца

2 филети од риба

2 големи лажици спанаќ

2 парчиња тост леб

 

Подготовка:

Наполнете го садот со врела вода, ставете ги јајцата да се варат и да вријат уште 2-3 минути откако ќе ги тргнете од рингла.

 

Ставете ги филетите во сад со врело масло, 2 минути. Потоа спанаќот нанесете го врз тост лепчињата, па јајцето, рибата и сендвичот е готов.

 

Студиите на Универзитетот Колорадо покажаа дека холинот од јајцето може да ви помогне за подобра обработката на информациите и до побрзо учење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.