Здравје/Фитнес

Жена со пресадена матка од починат донатор родила здраво бебе

Во Бразил беше родено првото бебе по извршена трансплантација на матка од починат донатор, објавија светските агенции.

 

Здравото мало девојче се роди во Сао Паоло на 15 декември 2017 година. Бебето тежеше 2,5 килограми и веќе една година се развива нормално.

 

Матката била пресадена на 32-годишната мајка во 2016 година по 10-часовна операција. Жената страдала од посебен синдром и била родена без матка.

 

"Употребата на починати донатори може значително да го прошири пристапот до овој третман и дава нова можност за жените кои страдаат од неплодност поради матката. Оваа успешна трансплантација има неколку предности во однос на трансплантацијата од жив донатор. Таа се потпира на поголем потенцијален број донатори, поефтина е и преку неа се избегнуваат ризиците за животот на донаторот", изјави доктор Дани Ајзенберг, кој раководеше со истражувањето во Универзитетската болница на Сао Паоло.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.