Здравје/Фитнес

Пијалок полн со протеини, за совршен додаток по напорен тренинг

Овој пијалок, е дизајниран од д-р Мајк Расел, и содржи еден куп протеини за градење на мускулите, како и мешавина од хранливи материи за да го забрзаат вашето закрепнување по напорниот тренинг.

 

За овој пијалок потребно ви е:

1 чаша вода;

1 чаша кефир, со ниско ниво на маснотии;

2 лажици ореви;

1 чаша јагоди;

1 банана;

1 лажичка протеин од сурутка со вкус на ванила.

 

Следејќи го горниот редослед, поставете ги сите состојки едно по едно во блендер, затворете го, измешајте сè 10 секунди и вашиот оброк е подготвен.

 

Пробиотиците во кефирот ќе ви помогнат при варењето, оревите ќе ви додадат антиоксиданти и омега 3, а јагодите ќе ви го дадат потребното количество на витамин Ц.

 

Бананата ќе донесе доволно количество јагленохидрати кои исто така се потребни за вашето закрепнување.

 

Оваа пијалок содржи:

489 калории

59 грама јагленихидрати

7 грама влакна

11 грама масти

39 грама протеини





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.