Здравје/Фитнес

Победете го стресот: Три начини како да го извлечете најдоброто од него

Стресот не влијае на вашиот животен век, но како вие се чувствувате и тоа како влијае на вас.

 

Научниците од Мичиген побараа од 30.000 луѓе да го рангираат своето ниво на стрес, но исто така и да проценат колку тој се одразува на нивното здравје.

 

Оние кои рекоа дека стресот има штетен ефект врз нивното здравје, беа за 43% во поголема шанса да умрат во периодот на испитување.

 

Ако сеуште не сте сигурни дека може да го искористите најдоброто од стресот, новото истражување на Универзитетот Стенфорд открива дека мала доза на стрес може да ви помогне да закрепнете побрзо од болеста.

 

Еве како да го извлечете најдоброто од стресот:

 

Променете го начинот на размислување

Според списанието The Journal of Experimental Psychology, кога чувствувате стрес и чувствувате брзи срцеви отчукувања, треба да размислите за неговото чукање како подготовка на ресурсите на вашето тело. Тоа ќе ги прошири артериите и ќе го зголеми вниманието.

 

Бидете оптимист

Универзитетот Конкордија покажа дека оптимистите покажуваат помалку реакции на стресот, па затоа треба да го трансформирате кортизолот од хормонот за стрес во оној што ве присилува да застанете и да продолжите напред.

 

Бидете великодушни

Една студија од Универзитетот во Бафало открива дека дури и кога сте под стрес, луѓето кои поминуваат време со своето семејство или даваат доброволни придонеси, живеат подолго.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.