Здравје/Фитнес

Суперхрана: Диета со краставица за поефикасно слабеење

Процесот на намалување на килограмите не е лесен, затоа ние можеме да ви помогнеме со некој совет или рецепт како на ефикасен начин да го направите тоа.

 

Ви нудиме една диета со краставица која со сигурност ви гарантираме полесно да ги намалите килограмите од вашето тело.

 

Еве што треба да јадете за доручек, ручек и вечера...

 

ДОРУЧЕК - Боровинка-краставица шејк

Овој шејк ќе ви даде доволно енергија за работниот ден што е пред вас или може да ви служи како пијалок за опоравување по напорниот тренинг. Еве како да го направите...

Исечете една средна краставица на парчиња, земете неколку боровинки и неколку лисја нане. Потоа ставете ги сите состојки со уште 250 ml јогурт (помалку мрсен, ако е можно) во блендер и измешајте ги.

 

РУЧЕК - Фета сендвичи

Измешајте ги исечените парчиња од краставицата со 100 грама фета сирење, една лажица јогурт, 100 гр црни маслинки, свежо нане и мешани семиња. Овој намаз се мачка на интегрален леб за лесен појадок. Фета сирењето е полно со рибофлавин кој ќе ви даде доволно енергија по попладневниот тренинг.

 

ВЕЧЕРА - Супа од краставица

Исчистете ги семињата, исечете ги краставиците и ставете ги да се пржат околу две минути во маслиново масло. Додадете исечен лук. За да не се комплицира многу на оваа комбинација вметнете во 500 ml пилешка супа од кесичка или конзерва во врела вода само ставете ја коцката супа и малку чили. Почекајте да се излади и послужете ја со јогурт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.