Здравје/Фитнес

Најздрави млечни масти: Путерот го јакне имунитетот, го чува срцето и штитната жлезда

Путерот, покрај тоа што е многу вкусен, има и многу заштитни својства за нашето здравје.

 

Богат е со витамин А кој е потребен за зачувување на здравјето на тироидната жлезда, правилното функционирање на срцето и васкуларниот систем, но, исто така, дополнително го зајакнува имунолошкиот систем.

 

Тој, исто така, содржи лецитин, супстанција која помага во правилната асимилација и метаболизмот на холестеролот и другите масти, како и бројни антиоксиданси кои не штитат од слободните радикали кои ги оштетуваат артериите.

 

Витаминот Д помага да се зајакнат коските, а витаминот К2 е од суштинско значење за оптималниот раст на децата.

 

Многу луѓе се откажуваат од путерот, бидејќи сметаат дека е мрсен. Напротив, супстанциите од масни киселини се користат за подобра енергија.

 

Покрај тоа, богат е со хранливи материи и други нешта кои не прават сити за разлика од маргаринот кој на телото не му го дава тоа што му е потребно, но исто така предизвикува глад и потреба за прејадување.  

 

Ако припаѓате во групата љубители на добри сендвичи, подобро е да се одлучите за намаз од путер зашто освен совршениот вкус ќе направите и подобар избор кога станува збор за вашето здравје, па можете слободно да уживате во вистинскиот вкус на путерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.