All for Joomla All for Webmasters

Здравје/Фитнес

Совети за брзо отстранување на салото од стомакот

Ако не можете да ги закопчате пантолоните кои сте ги купиле пред две години, време е да почнете да внимавате на салото на стомакот!

 

Стресот и генетските предиспозиции имаат голема улога, но и стилот на живеење има голема улога во таложењето на масните наслаги во пределот на стомакот. За да се ослободите од овој проблем ве советуваме:

 

1. Секојдневно да се движите, џогирајте, возете велосипед или пливајте. Изберете што вам најмногу ви одговара.

 

2. Водете сметка за калориите кои ги внесувате на дневна основа, бидејќи голем број од нас внесуваат повеќе калории отколку што му се потребни на телото.

 

3. Намалете го внесот на шеќер и јаглени хидрати, бидејќи оваа храна нема никаква нутритивна вредност, и поради тоа калориите кои ги внесувате преку оваа храна ги анрекуваме празни калории.

 

4. Покрај редовниот тренинг, најдете време за дополнителна рекреација.

 

5. Јадете повеќе протеини, бидејќи на тој начин ќе изградите здрава мускулна маса која ќе троши калории и додека одмарате.

 

6. Многу е важно да не јадете веднаш по напорниот тренинг. Најдобро е да јадете еден час по завршувањето на физиќката активност.

 

7. Не претерувајте со алкохолот, бидејќи преку алкохолот ќе внесете многу шеќер и скроб.

 

Придржувајте се до овие препораки и совети и ќе се изненадите за колку брзо време ќе ја добиете витката линија која ја посакувате.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.