Здравје/Фитнес

Маска со банана и лимон

За оваа маска потребна е една банана и една лажица лимонов сок.

 

Испасирајте ја бананата и додадете го сокот од лимон, па потоа убаво измешајте за да добиете изедначена смеса. Нанесете на лицето, и со благи движења измасирајте го пределот околу очите.

 

Оставете да делува околу 15 минути, па измијте се со млака вода.

 

Бананите содржат многу витамини, вклучувајќи ги витаминот Ц, манган, биотин, калијум и бакар.

 

Поради тоа што содржат големо количество на калиум, одлични се за лимфниот систем, кој пак и помага на кожата сама да се исчисти и обезбедува нутритиенти за секоја ќелија во телото.

 

Потеченото подрачје околу очите покажува дека лимфната течност се задржува, но со оваа маска од банана ќе го решите тој проблем.

 

Витаминот Ц кој се наоѓа во лимонот помага во отстранување на токсините од кожата, а исто така ќе ви ја осветли кожата, доколку имате темни кругови околу очите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.