Здравје/Фитнес

Здрав доручек кој прави чуда за организмот

Ова е исклучително здрава каша, богата со хранливи состојки, која ќе ви ја даде потребната енергија за да го издржите напорниот ден.

 

Богата е со протеини, но и минерали, како калиум, магнезиум, фосфор, манган, бакар и цинк.

 

Покрај тоа што може да биде од голема помош за дијабетичарите, ако редовно ја конзумирате, овосната каша може да ви помогне и да го намалите холестеролот, го спречува појавувањето на рак на дебелото црево, но претставува и дебар лек против опстипација.

 

Потребни состојки:

 

половина чаша овесни снегулки

1 чаша млеко или вода

1 зрела банана

1 лажица лимонов сок

1 кива (исечена на кришки)

малку сол

 

Подготовка:

 

Водата или млекото стоплете ги во сад на оган, додајте ги овесните снегулки, а потоа намалете ја температурата на ринглата.

Банатата испасирајте ја, а потоа додадете ја во садот, и промешајте.

Кога ќе забележите дека течноста почнува да испарува, додадете го лимоновиот сок и солта.

Кога доволно ќе се згусне (според ваш вкус), тргнете ја од оган, и сервирајте ја кашата декорирана со киви.

 

На здравје!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.