Здравје/Фитнес

Еве зошто треба да престанете да купувате витамини и што да направите наместо тоа

 

Од Саверио Стренџес, професор и раководител на Одделот за Епидемологија на Вестерн Јуниверзити (Western University).

 

Скоро половина од популацијата на канаѓани редовно земаат барем еден нутритивен суплемент како витамини, минерали, растителни влакна, антациди и рибини масла. Повеќето од овие индивидуи се здрави и се надеваат да ја подобрат сопствената општа добросостојба или да превенираат хронични болести.

 

Сепак научните докази сугерираат дека некои високи дози на суплементи како бета каротенот, витаминот Е и витаминот А, имаат мала улога во превенцијата на хроничните болести кај здравите луѓе, освен ако не е диагностициран недостаток од овие микронутритиенти.

 

Истражувачите сугерираат дека овие суплементи можат всушност да направат повеќе штета отколу полза.

Како медицински доктор и специјалист за јавно здравје сум бил инволвиран во повеќе студии и клинички тестирања за придобовките и ризиците од микронутриенти и нутритивни суплементи, како што е селенот, низ различни популации на Северна Америка и Европа.

Во неодамнешна студија, моите колеги и јас не пронајдовме докази дека суплементите на селенот превенираат хронични болести - во нашиот случај дијабетес - дури и во региони каде има релативно ниски количини на селен во природната диета.

 

Нашата студија користеше податоци од случајно избрани клинички тестирања спроведени во Данска и беше скоро објавена во книгата Дијабет, Зголемена тежина и Метаболизам.

 

 

Од друга страна има изобилие од научни докази кои ја поддржуваат ефективноста од други модификации на животниот стил за здраво стареење и превенција тешки хронични заболувања. Тие модификации вклучуваат: подобрување на општиот квалитет на диетата т.е. секојдневната исхрана, зголемување на физичката активност, непушењето, оддржување на здрави патерни за спиење (доволен број на часови во текот на ноќта со заспивање и будење во исто време), и минимизирање на стресот. 

 

Суплементите го зголемуваат ризикот од дијабетис.

Преку клинички студии реализирани во САД кои ги одбравме по случаен избор, стигнавме до сознанија дека релативно високите дози на селен суплементи во реони каде има изобилие на селен во исхраната (како што е во САД) всушност го зголемуваат ризикот од Тип 2 диабет.

 

Овие сознанија имаат потенцијал за импликации во јавното здравје од неколку причини.

Прво, во САД и многу други западни земји, конзумирањето на храни богати со селен и нутритивни суплементи значително се зголеми во последните години. Ова е поради перцепцијата дека селенот и другите анти-оксидантни суплементи имаат потенцијал да го редуцираат ризикот од хронични болести. Од клучна важност е да се осигуриме дека селен суплементите не го зголемуваат постоечкиот висок број на нови дијагностицирани дијабетичари или заболени од кардиоваскуларни болести.

Второ, најпрвото истражување од оваа област било спроведено кај северноамериканска популација кај кога основниот селенски статус е значително повисок од тој кај европската популација.

Внесот на селен преку исхраната варира значително помеѓу населението од различни држави и региони, најмногу поради различната содржина на селен во растителните храни (а од тука и во животинските) од различни делови на светот.

Последно, има разочарувачки заклучоци од неколку високобуџетни клинички истражувања на антиоксидантните суплементи кои покажуваат дека не само што не даваат здравствени придобивки туку прават и потенцијална штета.

 

 

Јадете растенија, спијте добро и повеќе вежбајте.

Како што е наведено и во претходно објавената книја Аналите на интерната медиција, досегашните докази од истражувањата се недоволни за да препорачаат рутинска диетална суплементација на општата популација од здрави индивидуи.

Пораката е едноставна: повеќето суплементи не превенираат хронични болести ниту ја намалуваат смртноста. Нивната широка застапеност не е оправдана и треба да бидат избегнувани. Оваа порака е посебно валидна за популацијата за која нема докази за недостаток од микронутриенти, која го претставува мнозинството од корисници на суплементи во САД, Канада и останатите развиени земји. 

Од перспектива на јавното здравје, финанцирањата треба да бидат насочени кон полиси, кампањи и интервенции кои ги подобруваат прехрамбените навики на општата популација, интервенции кои ја зголемуваат конзумацијата на растителна храна која ги содржи потребните витамини и минерали за оптимално здравје.

 The Conversation





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.