Здравје/Фитнес

Научниците веќе можат да одгледуваат совршени човечки крвни садови во лабораторија

Последното откритие кое може целосно да го промени начинот на истражување на дијабетисот и како тој се третира е систем од човечки крвни садови целосно идентични на оние кои ја транспортираат крвта низ нашите тела.

Она кое ги прави овие крвни садови посебни е тоа што тие се првите кои се одгледани во лабораторија - и веќе дадоа нов правец во третирањето на дијабетисот.

Кога лице има дијабетис, нивните крвни садови често претрпуваат абнормално задебелување на тоа што е познато како „базална мембрана“

Ова задебелување го попречува трансферот на кислорот и хранливи состојки до клетките и ткивата, кое нешто може да предизвика лепеза од здравствени проблеми кои се простираат од откажување на бубрезите и слепило до срцеви инфаркти и мозочни удари.

 

Во студија објавена во журналот Природа, истражувачи од Универзитетот на Британска Колумбија детално објаснија како успеале да ги поттикнат матичните клетки да израснат во човечки крвни садови „органоиди“, термин користен за три димензионални, одгледани во лабораторија клеточни системи кои ги имитираат карактеристиките на органите и ткивата.

Потоа ги сместиле лабораториските крвни садови во стаклени садови дизајнирани да имитираат „дијабетска средина“.

Откриле дека базалната мембрана се задебелува на начин кој е „зачудувачки сличен“ со задебелувањата набљудувани кај пациенти со дијабетис, - изјави научникот Рејнер Вимер.

Истражувачите тогаш започнале со лов на хемиска супстанца која го превенира задебелувањето во нивните лабораториски крвни садови и пронашле една: инхибитор на ензимот y-секретаза (y-secretase). 

 

Студијата на тимот сугерира дека намалувањето на y-секретазата кај пациентите може да биде корисен третман на дијабетис, но според истражувачот Џозеф Пенингер, постои голем потенцијал за лабораториските крвни садови да придонесат во разни истражувања и надвор од рамките на дијаберисот.

„Да сте во можност да изградите човечки крвни садови како органоиди од матични клетки е огромно постигнување“ -рече Пенингер. „Секој орган во нашето тело е поврзан со циркулаторниот систем. Ова нешто има потенцијал да им овозможи на истражувачите да ги разоткријат причините и да сосдадат третмани за различни васкуларни болести, од Алцхајмерова болест, кардиоваскулатните болести, проблемите со зараснување на раните, мозочните и срцеви удари, канцерите и се разбира дијабетисот.“ 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.