Здравје/Фитнес

Кромидот како природен лек против неколку здравствени проблеми

Кромидот не само што е неизбежна состојка за многу јадења, туку прави и вистинско чудо кога е во прашање лечењето на некои болести и здравствени проблеми кај луѓето.

 

Во продолжение ви ги презентираме другите начини за што тој може да послужи, и го прави на многу ефикасен начин.

 

Кромидот помага против изгореници

Сигурно барем еднаш во животот сте се изгореле. Следен пат кога ќе ви се случи тоа, исечете парче кромид и ставете го на изгореницата. Неговото природно антисептичко и седативно дејство, ќе спречи настанување на инфекции и подоцна лузни.

 

Кромидот лекува убод од инсекти посебно од комарци

Интензивниот мирис спречува убод од комарци. А во случај веќе да имате убод, ставете кромид на кожата и спречете го неподносливото чешање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.