Здравје/Фитнес

Здрави палачинки со овесно брашно

Мал е бројот на луѓе кои не сакаат палачинки.

 

 

За да уживате почесто во нив, и без грижа на совест, ви претставуваме рецепт за здрава верзина на палалинки, во која белото брашно може да го замените со овесно.

 

Состојки за 20 мали палачинки

 

2 големи банани

2 јајца

200 гр овесно брашно

1 лажица шеќер

2 лажици сок од лимон

малку сол

 

Подготовка:

 

Испасирајте ги бананите.

Додајте во нив шеќер, сол, јајца и лимонов сок.

Потоа соединете ја смесата.

Потоа додајте го овесното брашно.

Ако имате блендер можете смесата да ја направите во него.

Смесата е веднаш подготвена за печење.

Со мала или поголема црпалка ставајте на загреано тавче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.