Здравје/Фитнес

Јадете ги овие намирници за полесно да се справите со стресот

Истражувањата покажале дека нивото на стрес во нашите животи се зголемило во однос на претходните години.

 

Помегу работните обврски, обврските дома, околу семејството или вас самите, дали некогаш сте се запрашале каков живот водите?

 

Нередовниот распоред на спиење, исхрана и сите други работи кои ќе ги направите во текот на неделата, доведува до зголемување на нивото на стрес. Од него можете да се ослободите и јадејќи ги следните намирници што ќе ви помогнат да се опуштите.

Боровинки

Боровинките се совршена комбинација на витамин Ц и антиоксиданси кои помагаат во балансирање на стресот. Антиоксидансите во боровинките исто така ги штитат клетките од рак и срцеви заболувања. Можете да ги конзумирате во било кој облик, свежи, како сок, компот и сл.

 

Чоколадо

Не постои ништо толку вкусно, а смирувачко, како чоколадото. Самата помисла на чоколадото, омилената книга и удобниот кревет е доволна за да се намали нивото на стрес. Неодамнешно истражување покажало дека секојдневното конзумирање на црно чоколадо во период од две недели ги намалува хормоните на стрес. Чоколадото поттикнува ослободување серотонин кој е природен антидепресив.

 

Кашкавал

Кашкавалот е една од намирниците која може да се комбинира со кое било јадење. Иако е познат по тоа што содржи масти, исто така е добар и за ослободување од стресот.

 

Риба

Омега 3 масните киселини во рибата помагаат адреналинот и нивото на стрес да се држат под контрола. Лососот и туната можат да го спречат порастот на хормоните на стрес, а исто така штитат и од срцеви болести, промена на расположението и депресија. Сушито е добро за ослободување од стресот.

 

 

Бадеми

Бадемите се богати со витаминот Б2, витаминот Е, цинк и магнезиум. Тие содржат серотонин кој помага во балансирање на расположението и на стресот. Цинкот е добар и во борбата против негативните ефекти на стресот, а витаминот Е е антиоксиданс што го подобрува имунитетот. Бадемите го намалуваат крвниот притисок и на тој начин стресот го држат под контрола.

 

 

Постојат уште многу намирници за намалување на стресот како што се бананите, спанаќот, портокалите, чајот, млекото… листата е предолга. Меѓутоа, покрај конзумирањето на овие намирници важно е и да водите активен живот и редовно да вежбате. Медитацијата и јогата исто така се корисни во ослободување од стресот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.