Здравје/Фитнес

Експертите предвидуваат пандемија на Паркинсоновата болест

Експерти од САД и Холандија предвидуваат дека во блиска иднина, светот ќе биде опфатен од пандемија од Паркинсоновата болест поради демографската ситуација и редица други фактори, објави American Journal of Managed Care, а цитираа светските агенции.


Неврогенеративните болести се меѓу главните причини за неспособноста во современиот свет. Меѓу нив, најзастапена во последните неколку децении е Паркинсоновата болест. Оваа неизлечива болест е предизвикана од смртта на невроните кои произведуваат допамин. Како резултат на тоа, кај луѓето погодени од болеста се појавуваат симтоми на потреси, мускулна вкочанетост, губење на рамнотежа. Од 1990 до 2015 година, бројот на пациенти погодени од Паркинсоновата болест надмина 6 милиони. Според мислењето на експертите, до 2014 година, како резултат на зголемување на просечната возраст на населението, болни ќе станат повеќе од 12 милиони.

За зголемување на ризикот од невродегенеративни болести се пестицидите, растворувачите и тешките метали кои се наоѓаат во животната средина. Покрај тоа, резултатите од некои истражувања покажуваат дека ризикот од Паркинсонова болест е поголем за непушачите, иако не е позната причинско-последична врска.

Специјалистите сметаат дека пандемијата може да биде избегната, но за таа цел ќе бидат потребни значителни напори поврзани со развој на терапии, превенција и грижа за болните.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.