Здравје/Фитнес

Научниците создадоа импланти кои овозможуваат брзо опоравување на коскеното ткиво

Научници од Русија, Германија и Словенија зголемија биолошка активност кај импланти со помош на нано и микрочестички, објавија медиумите.

 

По вметнувањето на ваквите импланти во организмот коскеното ткиво ќе се опоравува побрзо, соопшти прес-службата на Министерството за наука и високо образование на Русија.

"Научниците извршија комплексно истражување на специјални композитни материјали, познати како "скелети", за регенеративната медицина. Овие "скелети" овозможуваат брзо обновување на коските кај фрактури и повреди. Извршените биолошки истражувања на клетките покажаа дека коскеното ткиво ќе се опорави побрзо", се вели во информацијата на прес службата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.