Здравје/Фитнес
Предности од лекувањето со алтернативна медицина
- Детали
- Категорија: Здравје/Фитнес
- Создадено: 11 Март 2019
Се поприсутно и распространето во Македонија изминатиов период е лекувањето на база на природни билки.
Често пати разочарани од конвенционалната медицина, и не постигнувајќи ги посакуваните резултатите, луѓето и даваат шанса и на алтернативната медицина.
На социјалните мрежи секојдневно се споделуваат разни природни рецепти за секакви дијагнози, а дел од сведоштвата се дека природните лекови можат да помогнат при секакви состојби, почнувајќи од исфрлање секрет од белите дробови до лекување неплодност и рак.
Во 2015 година Собранието го прифати законот за алтернативна медицина, со цел пациентот да биде заштитен од неквалификувани поединци, да му се гарантира максимум безбеден третман, како и да му се овозможи на пациентот да го оствари правото да избере третман врз основа на точни информации, да се утврди дали лицата кои сакаат да практикуваат некоја од дисциплините на комплементарна и алтернативна медицина треба да членуваат во некоја професионална организација или комора и да бидат обврзани на континуирана едукација.
Потврда за успешното лекување со билки и чаеви се и двајцата браќа од Прилеп, Дејан и Христијан Ачкоски, кои во потрага по квалитетни билки се искачуваат и на највисоките врвови, а одат и надвор од земјава. Ги прашавме дали луѓето имаат доверба во алтернативната медицина? Одговорот беше позитивен, но велат дека пациентите алтернативната медицина ја оставаат за крај, а треба да им биде приоритет.
Сепак, многу е важно, потенцираат тие, никогаш да не ги подготвуваате лековите од билки, сами, затоа што процесот на подготвка е многу сложен, и често се случува поради грешка во подготовката, резултатот да не биде постигнат, односно болеста да не биде излечена.
Лекувањето со билки и чаеви трае подолго. Дејан Ачкоски за Прва скопска вели дека нереални се очекувањата дека по една недела болеста ќе исчезне.
Кога е во прашање алтернативната медицина, докторите сметаат дека треба да се користи, особено доколку науката има сознанија дека таа е добра за одредени заболувања, но никако не смее да биде единствен начин на лекување, особено во случаи кога заболувањето е посериозно.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс