All for Joomla All for Webmasters
Најновата проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти. Според објавените податоци во извештајот на Светската банка насловен „Миграција и мобилност“, БДП годинава ќе има раст од 1,5 проценти, следната година 3,2 проценти, а во 2019 година 3,9 проценти.
 
На 6-тиот годишен настан САМИТ 100 за Бизнис лидери од ЈИЕ, чиј што фокус беше „Поврзување“ на регионот како основа за зајакнување на соработката преку економска и транспортна поврзаност, но и политичка координација и стабилност, беше заклучено дека се неопходни големи инфраструктурни проекти кои ќе овозможат слободно и побрзо движење на луѓето и стоките, како и дигитализација која е двигател на промените.
 
Рационализација на финасиското работење на јавните институции, како и јакнење на надзорот и транспарентноста во однос на трошењето на парите на граѓаните има за цел денешната консултација со НВО секторот за управување со јавните финансии 2018-2021.
 
25 години Илирика, која започнала со деловна активност во Словенија, е една од ретките целосно приватни финансиски куќи со значаен удел на пазарот и висока доверба на клиентите, а веќе 10 години го гради својот успех и на македонскиот пазар.
 

Дуално образование за поголема вработеност на младите

Двапати поголема невработеност кај младите е забележано во Македонија, во споредба со земјите од западен Балкан. Менаџерите на големите компании проблемот го лоцираат во неадекватното образование, односно недоволната практична работа.
 

Дизелот и Еуросупер 95 поевтинуваат за половина денар

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од вечер на полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика.
 
Над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, четворица премиери од Западен Балкан, министри и претставници на Европската унија ќе учествуваат денеска и утре на регионалниот Самит 100 што ќе се одржи во Скојпе.
 
„Југохром“ од Јегуновце треба да почне со работа кон крајот на мај или почетокот на јуни наредната година, со поставен филтер за отпрашување на печките 7 и 8.
Ова беше истакнато на денешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу Владата, „Југохром“ и вработените во комбинатот. Меморандумот го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Васко Скендеровски, претставник на „Југохром“ и Бајрам Амити, од Синдикатот на вработените во фабриката.
 
Голем број барања за непречено функционирање на угостителски објекти денеска презентираше новоформираното здружение за заштита на правата на угостителите Хорекаши. Дел од барањата се однесуваат на продолжување на работното време, неселктивни инспекциски контроли и промена на даночната политика.
 
На 16 и 17 октомври во Скопје ќе се одржува шестиот годишен Самит 100, за бизнис лидери од Југоисточна Европа, во рамки на кој ќе се актуализира проектот за електифицирани автопатишта, во должина од 2. 400 км, со што ќе бидат поврзани сите поголеми градови во регионот.
 
Гoлeми, средни и мали дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата ќе учествуваат на 43. Меѓународен саем „Технома 2017“ што ќе се одржува од 25 до 29 октомври во ВИП Арената „Борис Трајковски“. 
 

Скопје домаќин на Шестиот Самит100 за бизнис лидери од ЈИЕ

Шестиот годишен Самит100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Скопје на 16 и 17 октомври ќе биде најавен на денешната прес-конференција.
Самитот ќе го најават Живко Мукаетов претседател на УО на Самит100 и Јелена Радуловиќ, програмски директор на Самит100.
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |