All for Joomla All for Webmasters
Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хамеус“ денеска организира едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“.
 
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на музеите, Националната галерија на Македонија вечер од 20 часот во Мала станица ќе ја отвори изложбата „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Македонија“.
 
Археолошкиот музеј на Македонија денеска ги промовира новите простории на најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во нашата држава. 
 
Прилепскиот музеј за посетителите бесплатно ќе ги отвори вратите на шесте музеи во градот утрвечер во„Ноќта на музеите“ од 19 часот па се до 1 часот по полноќ вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден на музеите - 18 мај, вели директорот на „Завод и музеј Прилеп“, Благоја Атанасоски.
 

МНТ со „Ничија земја" на фестивал во Благоевград

Македонскиот народен театар утре со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов ќе настапи на 6. Меѓународен театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа" во Благоевград, Бугарија.
 

Одбележување на Светски ден на музеите

Музеите во Македонија денеска со изложби и активности го одбележаа Светскиот ден на музеите 18 Мај, а некои од нив утре ќе се придружат на манифестацијата ,,Европска ноќ на музеите,,.
 
Продукцијата Сектор филм и режисерот Милчо Манчевски повикуваат студентки и студенти на наставните програми по актерска игра на аудиција за неговиот нов игран филм ,,Врба,,.
 

Концерт на младата пијанистка Инес Неделковска

Младата пијанистка Инес Неделковска вечер ќе одржи солистички концерт во Македонската филхармонија. 
 
По Лудвигсбург, Љубљана и Лондон, најновиот проект со музика од Македонија - „Македонисимо“  на Симон Трпчески и пријателите ќе биде претставен и на турнеја пред полската публика. Серијата концерти ќе почне во Варшава на 20 мај, Шќеќин на 22 мај, два дена потоа во Гдањск и на 25 мај во Катовице.
 
Скопје танцовиот театар утревечер во 21 часот, во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“, која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.
 

Скопје танцов театар со премиера на „Непознато"

Скопје танцовиот театар вечер во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“ која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.
 

Концерт на пијанистката Дуња Иванова

Пијанистката Дуња Иванова вечер ќе одржи концерт во Камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата се дела од современи композитори, а како гостинка ќе настапи македонската композиторка Ана Пандевска.
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |