All for Joomla All for Webmasters
 Македонските ученици освоија еден сребрен и четири бронзени медали на 26. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2018) и 12. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2018), што од 7 до 13 јули се одржаа во Темишвар, Романија. 
 
Прилеп денеска и утре е домаќин на вториот Светски куп во летање дронови. На спортските терени во Паркот на Револуцијата, 16 натпреварувачи-пилоти од четири земји Србија, Бугарија, Чешка и од Македонија се натпреваруваат да остварат најдобро време во летовите со дронови.
 

НАСА ќе испрати хеликоптер на Марс

НАСА хеликоптер на Марс, во рамките на мисијата Марсовски ровер, чие лансирање се планира за 2020 година.
 
Македонски телеком во првите три месеци од годинава ја зголеми нето добивката за 16 отсто, бројот на пристапи на широкопојасен интернет  е стабилен и изнесува 187,7 илјади, зголемен број на ИПТВ корисници за 7,5 проценти и намалување на бројот на претплатници во мобилната телефонија за 4,8 проценти.
 
Јапонскиот производител на автомобили Nissan ќе ги користи батериите од старите електрични возила во комбинација со соларни панели, со цел да го напојува комплетното улично осветлување на градот Namie, кој се наоѓа северно од Токио во префектурата Фукушима.
 
Фејсбук, очигледно со години собирал податоци за повици и СМС пораки од уреди со Android софтвер. Неколку корисници на Твитер објавија дека најдоа месечни или годишни историски податоци во нивната Фејсбук датотека со податоци. Одреден број корисници на Фејсбук се загрижени поради неодамнешниот скандал за приватност со “Cambridge Analytics”. За некои корисници, добиените резултати беа алармантни.
 

DigiGirlz програма за вклучување девојчиња во ИТ

Македонија се приклучува кон активностите од YouthSpark иницијативата на Мајкрософт и DigiGirlz програмата која се организира во цел свет за охрабрување на младите за технологијата и поттикнување девојчиња да се вклучат во ИТ. 
 
Две државни студии, спроведени од National Toxicology Program (NTP), заклучиле дека мали се шансите зрачењето на мобилните уреди сериозно да ви наштети.
 
Милијардерот Илон Маск на „Твитер“ ја објави неговата најнова идеја за идниот градски сообраќај.
 

Интерактивна изложба „Игри и политика“

„Игри и политика“ (Games and Politics) е насловена интерактивната изложба која ќе биде отворена на 7 февруари на ФИНКИ, во холот на Технолошкиот факултет. Ја организира Гете-институт Скопје во соработка со ЗКМ - Центар за уметност и медиуми од Карлсруе, Германија. 
 
Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовирана видео-игра „Франтикс“ (Frantics), наменета за светски пазар, а на која работеше тим Македонци. На играта две години работеа седумдесетина артисти, дизајнери, програмери и тестери, од кои 27 се од Македонија.
 
Во Македонија продолжува трендот на намалување на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија, како и на фиксни линии, а се зголемува бројката на корисниците на услуги врзани во пакет, покажуваат последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.