Продолжува нетрпението меѓа Погба и Мурињо
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 02 Октомври 2018
Пол Погба, има намера да го напушти тимот во зимскиот преоден рок ако тренерот Жозе Мурињо не добие отказ пред тоа.
Како што објави „The Sun“, Погба ова им го соопштил на своите соиграчи на вчерашниот тренинг.
Според изворот, расколот меѓу францускиот репрезентативец и португалскиот стручњак постојано се гледа на тренинзите.
Наводно, Погба го избегнува Мурињо и не разговара со него. Претходно беше објавено дека постоела напнатост и меѓу Мурињо и Алексис Санчез.
Ваквата атмосфера што владее кај трофејниот премиерлигаш се одразува и на игрите кои се далеку од очекувањата на навивачите и раководството на клубот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс