Фетел: Хамилтон фаворит, но нема предавање

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел знае дека Луис Хамилтон е прв фаворит за трофејот, но ветува борба до крајот на шампионатот во Ф1.

 

На пет трки пред крајот на сезоната, Германецот заостанува 50 бода зад ривалот од Мерцедес.

 

- Доволно сум паметен да знам дека шансите не се во моја корист. Не треба да се биде голем математичар да се увиди тоа. Но, не се откажувам.

 

- Не се знае што ќе се случи до крајот. Затоа, ќе продолжам да бидам фокусиран на следните настапи, целта е победа на преостанатите трки, изјави Фетел.

 

Следната трка од Шампионатот во Формул 1 е за Големата награда на Јапонија закажана за 7 октомври.

 

Покрај трката во Јапонија до крајот на сезоната остануваат уште трките во САД, Мексико, Бразил и АБУ Даби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.