Парондо: Сите што играа дадоа максимум
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 03 Октомври 2018
РК Вардар со комбиниран тим во кој беа вклучени играчи што најчесто добиваат помала минутажа без проблеми ги освои бодовите против Војводина на средбата од СЕХА лигата.
Тренерот Роберто Парондо беше задоволен од играта на сите на кои им укажа доверба. „Црвено-црните" триумфираа со 33:26 и ја забележаа петтата победа сезонава во регионалното натпреварување.
- Одигравме добар натпревар против Војводина. Задоволен сум од сите кои добија шанса, бидејќи тие завршија многу добра работа, а тоа се играчите кои не играа многу против Веспрем.
- Среќен сум за нив, бидејќи тоа е она што го сакавме, изјави Парондо.
Во сабота Вардар е домаќин на мечот на колото од Лигата на шампионите против Рајн Некар.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс