ПСЖ ја декласираше Црвена звезда, Шалке ја совлада Локомотив Москва
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 03 Октомври 2018
ПСЖ со убедливи 6:1 ја совлада Црвена ѕвезда во натпревар од групата Ц во Лигата на шампионите.
Францускиот тим ја потврди фаворитската улога и по 20-тина минути игра имаше водство од 2:0, а стелец на двата гола во 20 и 22 минута беше Нејмар.
Единсон Кавани во 37 минута зголеми на 3:0, а пред крајот на првиот дел во 41-та минута Анхел ди Марија беше прецизен за 4:0.
Во второто полувреме Килијан Мбапе постигна гол во 70-та минута и зголеми на 5:0.
Четири минути подоцна Марко Марин беше прецизен и го постигна единствениот гол за Црвена ѕвезда намалувајќи на 5:1.
Во 81-та минута Нејмар постигна хет-трик и ги постави конечните 6:1.
Шалке ја совлада Локомотив Москва со 0:1 во натпревар од групата Д. Стрелец на единствениот гол беше Вестон Мекени во 88 минута.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс