Хамилтон и Ботас најбрзи на првиот тренинг во Јапонија

Луис Хамилтон со Мерцедес заврши на чело на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Јапонија.

 

Британецот беше побрз за речиси половина секунда од својот колега Валтери Ботас, кој остана втор. Луис го започнува викендот со 50 поени пред Себастијан Фетел, кој нема победа во Ф1 од трката во Белгија.

 

Хамилтон постави време од 1:28.691 со меки гуми, кои се со средна цврстина од избраните од Пирели за оваа трка.

 

Трет по дуото на Мерцедес заврши Даниел Рикардо со Ред Бул. Ферари останаа четврти и петти, откако Кими Раиконен беше побрз од Фетел.

 

Пилотите на „Скудерија“ го забележаа најбрзиот круг со супер меки гуми, но и покрај тоа, тие беа за секунда побавни од Британецот.

 

Шестти останаа вториот пилот на „биковите“, Макс Верстапен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.