Ковач: Во Баерн секогаш постои притисок, бидејќи мора да победува

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач изјави дека неговиот тим поминува низ една вообичаена фаза и дека во јавноста се предимензионираат тензиите кои ги има во клубот.

- Не барам изговори, но и други клубови поминувале низ вакви фази. Во моментов е значајно само колку ќе трае тоа. Во Баерн секогаш постои притисок, бидејќи мора да се победува. Притисокот може да се гледа и како предизвик, а играчите ќе мора повеќе да се ангажираат за да постигнат успех, истакна Ковач.

Германските медиуми објавија дека по три натпревари без победа ситуацијата во Баерн Минхен е тензична, а во клубот се зголемува сомнежот кон тренерот.

Наводно дел од играчите отворено искажале револт, а Хамес Родригез најавил дека посакува да си замине од клубот.

- Лошата атмосфера во тимот е внесена од надвор. Сите играчи сакаат да играат, но ако еден игра, другиот е разочаран и тоа е нормално. Сепак нема такви драматични превирања. Сите сме разочарани, но мора да се соочиме со реалноста, истакна тренерот.

Претходно и претседателот на Баерн, Ули Хенес, јавно го предупреди Ковач дека мора да почне да победува. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.