Претседателот на Ривер разочаран од барањето на Бока за дисквалификација
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 28 Ноември 2018
Претседателот на Ривер Плејт, Родолфо Д’Онофрио, е изненаден од одлуката на КОНМЕБОЛ, реваншот од финалето на Копа Либертаодрес да се игра надвор од Аргентина на неутрален терен.
Оваа одлука беше донесена по нападите на навивачите на Ривер на автобусот на Бока кога беа повредени неколку играчи на противничкиот тим.
При тоа, раководството на Бока побара дисквалификација за Ривер и службена победа.
- Луѓето многу блиску до претседателот ни кажаа дека владата ќе обезбеди сигурносни гаранции за реваншот да се игра на нашиот стадион.
- Разговаравме со мојот колега од Бока и ги искажавме нашите позиции. Според мене натпреварот треба да се игра на наш терен, бидејќи Ривер Плејт не е виновна за ништо.
- Бев многу разочаран и повреден од акцијата на Бока која побара наша дисквалификација.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс