Најголема казна во историјата на фудбалот, Ривер Плата го доби заслуженото! (видео)

Јужноамериканската федерација КОНМЕБОЛ ја соопшти најголемата казна во историјата на фудбалот што ја добил еден фудбалски тим.

 

Клубот Ривер Плата за хаосот што го направија навивачите на овој клуб на 23-ти ноември, КОНМЕБОЛ му изрече казна од неверојатни 400.000 долари и два натпревари играње без публика.

 

Во следните седум дена клубот има право на жалба за ваквата одлука.

 

Поради нередите и нападот кон автобусот на Бока Јуниорс, реванш средбата од финалето на Копа Либертадорес беше одложен за еден ден подоцна, но не се одигра ниту тогаш.

 

Беше донесена одлука реваншот кој ќе даде шампионот на Јужна Америка да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на 9-ти декември.

 

Градоначалникот на Буенос Аирес, кој во тие неколку часа изгледаше како да сте во воена зона за нередите ги обвини хулиганите и мафијата.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.