Мекинро: Мареј повторно ќе биде во топ 10 за девет месеци

Поранешниот тениски ас Џон Мекинро смета дека Енди Мареј може да го повтори успехот на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Џоковиќ и повторно да се најде на врвот на светскиот тенис.

 

По речиси една година надвор од терените поради повреда на бутот и операцијата што следуваше, Мареј се врати на терените во јуни годинава, но по делумните успешни настапи предвреме ја заврши сезоната, за да може да се подготви и да се врати максимално подготвен за 2019-та.

 

- Тој е еден од најдобрите играчи во последните 10 години. Ако е повторно на 100% или барем блиску до тоа, очекувам да се врати во првите 10 во наредните 6 до 9 месеци.

 

- Гледајте што направија Федерер на 36, Надал… Џоковиќ одеднаш се претвори во стариот Џоковиќ оваа сезона, па сигурен сум дека Мареј го гледа тоа и си мисли: „Способен сум да направам нешто слично", изјави легендата на светскиот тенис.

 

Во отсуство на Мареј, прв рекет на Велика Британија стана 23-годишниот Kајл Едмунд. Тој дојде до полуфиналето на Австралија Опен и го освои својот прв АТП трофеј, завршувајќи на 14-тото место на листата.

 

- Топ 10 е реална цел за него, но тој ќе чувствува многу тензија во почетокот на сезоната. Ако не се справи со неа, тој ќе испадне од топ 20.

 

- Тој мора да биде емотивно стабилен, знаејќи дека сезоната допрва претстои, додаде Мекинро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.