Четврти натпревар во Лига 1 одложен поради протестите во Франција

Започнатите антивладини протести во Франција продолжуваат да бидат причина за одложување натпревари од локалната Лига 1.

 

Новиот дуел овој викенд, кој отпаѓа од програмата, е оној меѓу Сент Етиен и Олимпик Марсеј, кој требаше да се одигра во недела.

 

Поради протестите, кои ги зафатија најголемите француски градови, полицијата одлучи дека ќе биде подобро да ја одложи средбата од безбедносни причини.

 

Досега четири мечеви отпаднаа од програмата за 17-тиот круг. Покрај Сент Етјен – Олимпик Марсеј, во петок нема да се игра дербито помеѓу Монако и Ница, а во сабота беа откажани средбите ПСЖ – Монпеље и Тулуз – Олимпик Лион.

 

Меѓутоа, можно е да не се играат повеќе натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.