Скопје подготвено за Балканијадата во пинг-понг за кадети и јуниори

Од 12 до 16 јуни во Скопје во СЦ „Форца" ќе се одржи 27. Балканското првенство во пинг понг за кадети и за јуниори.

 

Околу 150 играчи од 12 држави ќе учествуваат на досега најмасовното регионално првенство во пинг понг за млади играчи.

 

За титулата балкански првак ќе се борат играчите од Романија, Турција, Бугарија, Србија, Словенија, Грција, Италија,Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија.

 

Македонската репрезентација ќе брои 14 натпреварувачи од кои осум во јуниорска конкуренција (четири јуниори и четири јуниорки) и шест кадети (три кадети и три кадетки).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.