Демократски сојуз: Намалување на паричните казни но и судските такси

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

 

Со овие предлози на Владата на Република Македонија, во голема мерка ќе се намали партиското влијание и клиентелизамот, ќе јакне превенцијата, а со тоа и почитувањето на законите.

 

Демократскиот сојуз ја актуализира потребата и од намалување на судските такси, кои се многу високи и зависно од вредноста на спорот, тужителот треба да плати такса од 480 до 48.000 денари, без трошоците за нотар, вештачење и адвокат.

 

Доколку се жали на одлуката или бара ревизија, износот двојно се зголемува.

 

Демократскиот сојуз смета дека со намалување на паричните казни, суските (такси) и нотарските трошоци, се создаваат реални основи за усогласување на казнената политика со реалните состојби во државата и финансиските можности на граѓаните и фирмите.

 

Демократски сојуз





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.