Се уште трае агонијата околу секс скандалот за Кавано. Трамп бара целосна истрага од ФБИ
- Детали
- Категорија: Категории
- Создадено: 01 Октомври 2018
Трамп изјави дека продолжува да ја поддржува номинацијата на Кавано, но, исто така, побара од ФБИ да ги испита обвиненијата од Кристин Близи Форд и уште две жени за сексуално вознемирување од страна на Кавано во студентските години.
Кавано категорично ги негираше обвиненијата, но Сенатот му даде на ФБИ една недела да ги истражи.
Трамп изјави дека сака истрагата на ФБИ да биде комплетна и негираше некои извештаи дека Белата куќа се обидува да го ограничи опсегот.
- Мојата Белата куќа го прави она што го сакаат сенаторите, додаде тој. Единственото нешто што инсистирам е тоа да биде брзо, бидејќи доцнењето е неправедно за семејството Кавано, рече претседателот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс