Помпео во посета на Словачка

Целта на посетата, како што најавија извори од Стејт департментот, е ограничување на растечкото влијание на Русија и Кина во земјата.

 

Помпео е првиот американски државен секретар што ја посетува Словачка во последните 14 години.

 

За време на неговата полудневна посета, тој ќе се сретне со словачкиот претседател Андреј Кишка, премиерот Петер Пелегрини и со група студенти.

 

Помпео во Словачка пристигна од Унгарија, каде што имаше средба со премиерот Виктор Орбан. На средбата, Помпео изрази загриженост во врска со зајакнување на односите на земјата со Москва, како и договорот на Будимпешта со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ за развој на мобилна мрежа од петтата генерација.

 

Во Унгарија, министерот за надворешни работи Петер Сијарто ги поздрави повиците на Помпео за поблиски врски и вети поголема соработка во одбраната, но исто така ги отфрли критиките за односите со Русија и Кина. Тој рече дека загриженоста на Западот за врските на Унгарија со Москва е „огромно лицемерие“, бидејќи земјите од Западна Европа склучуваат енергетски договори со Русија.

 

По Словачка, Помпео ќе ја посети Полска, каде што ќе биде домаќин на конференција за Блискиот Исток.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.