Силјановска: Мал е процентот на жени во политиката – ова е предизвик за промена

 

Според неа, ако знамето, грбот и химната се државни симболи, тогаш оние кои ја преставуваат државата, а не се тие туку ние, имаат уставна должност да го почитуваат Уставот и законот за химната.

 

– Гордо е и тажно да се слуша химната рече таа, но зборовите кои асоцираат на Куманово, на првата пушка на македонската нација да се себедокаже како државотворна да се сведе само на музика, рече таа.

 

Истакна дека во Собранието има пратеници кои носат одлуки без дијалог, претходно договорени, наместо разумни одлуки за доброто на граѓаните, со што не придонесуваат за демократија.

 

– Ние имаме едно партиско послушно комунистичко собрание, ова не е навреда за минатото туку сакам да кажам дека без опозиција, без дијалог нема делиберативна демократија оти тоа значи расправа со аргументи. Ако 81 човек таму само чека да притисне на копчето бидејќи претходно веќе е донесена одлука тогаш тоа не е Парламент, рече Силјановска.

 

Посочи дека во меѓународното право јасно стои дека со меѓународен договор не може да се прекрши Уставот на ниту една држава, алудирајќи на Преспанскиот договор.

 

Според неа, волјата на граѓаните на 30 септември за референдумското прашање не е испочитувана, додавајќи дека нашите предци не се бореле за Северна Македонија.

 

Силјановска побара масовна мобилизација и обединетост на граѓаните за поддршка на 21 април и 5 мај, со цел да се врати правдата и правдината, посочувајќи дека сака да внесе простор за една поинаква перцепција за политиката и поинакво практикување на претседателската функција, потенцирајќи дека граѓаните го имаат нејзиниот збор а таа што ветува тоа и ќе го исполни.

 

– Јас ветувам дека ќе се обидам да ставам едно камче во политичкиот мозаик што се вика претседател на Република Македонија, што ќе отвори простор за поинаква перцепција на политиката, за поинакво практикување на претседателската функција, рече таа.

 

Целта е висока, рече таа алудријаќи на НАТО и ЕУ, истакна но додаде дека до неа не се стигнува со ниски средства и инструменти. Таа се осврна и на нерамномерниот регионален резвој во државата. – Ќе си ги освоиме и повратиме правдините, татковината, се обрати Силјановска Давкова на кумановци.

 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Куманово истакна дека кандидатката за претседател Силјановска ќе победи на претседателските избори.

 

Ова е наша татковина, истакна тој и да се врати на вистинскиот пат потребна е победа и на петти мај.

 

– Потоа ќе му дадеме шанса на господинот Заев да распише предремени парламентарни избори, на кои опозицијата ќе добие рекордна поддршка од граѓаните, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Говорејќи за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова тој потенцираше дека станува збор за најинспиративниот професор на универзитетот Кирил  и Методиј и професор кој несебично го споделил своето знаење со генерации студенти на правниот факултет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.