„Нови мерки за лозарите и поголема поддршка, 9.600 денари за хектар, 100 отсто зелена нафта“, велат од СДСМ

„СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари“, соопшти СДСМ.

„Од вкупната субвенција, лозарите добиваат 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.

Од оваа година поддршката за мерката зелена нафта е зголемена на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта.

Лозарите до 14 февруари можат да очекуваат исплата на дополнителна поддршка до 40.000 денари, по хектар и тоа дополнителни субвенции, или 28.000 денари и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка за претрпени штети по лозовите насади, до секој лозар и за винско и трпезно грозје.

Подготвен е нов закон за вино, кој го отцртува идниот развој на овој сектор и предвидува нова посебна програма за поддршка.

СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и винскиот сектор, кои имаат стратешка економска важност и претставуваат своевиден препознатлив заштитен знак на Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.