В.Д. Директорката на Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Данијела Гачевиќ, во своето обраќање на вчерашниот состанок на лидерите од регионот посветен на Планот за раст на Западен Балкан ја нагласи клучната улога на ЦЕФТА во унапредувањето на иницијативата за Заеднички регионален пазар и поттикнување поблиски врски меѓу економиите од Западен Балкан и единствениот пазар на ЕУ.
 

Цената на бензинот се намалува, на дизелот се зголемува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.
 
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вели дека е срамен, недемократски и насилнички начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа.
 
„Како изминатите седум години состојбите во земјоделството никогаш не биле полоши. Седум години земјоделците се целосно заборавени од владата на СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски. Се сменија тројца министри и секој најавува подобрување на земјоделството, но резултати до ден денес нема“, рече Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Здружението на инженерите на Македонија поднесе иницијатива да се донесе закон за изградба на „Чебрен“ со македонски сили.
 
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се распишани четири јавни повици за давање под закуп земјоделско земјиште до три хектари во 34 региони во 878 катастарски општини.
 

СДСМ: Инфлацијата е 3,6 отсто, намалена е пет пати

Успешните економски мерки и политики на СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Стапката на инфлација во декември 2023 година се спушти на 3,6 отсто, велат од партијата преку соопштение.
 
Интегрален текст:
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) досега нема одземено право на работа на ниту едно сметководствено биро во земјава, освен оние што веќе не постојат, односно се избришани како деловни субјекти во Централниот регистар на РСМ.  Обвинувањата од групата која се нарекува „професионални сметководители со одземено право на работа“, која во суштина е составена од неколку поединци, се паушални и крајно неосновани.
 
Со успешните економски политики на СДСМ, 2024 година ќе биде уште подобра, велат од владејачката партија преку соопштение.
 
Нов оглас за хидроцентралата „Чебрен“ не е реално да се очекува пред изборите. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека ниту тие ќе стигнат да објават нов оглас ниту стратешките инвеститори сакаат да инвестираат во период на избори.
 
Масовното распишување огласи за нови вработувања во пресрет на двојните избори годинава министерот за финансии, Фатмир Бесими, го оправда со одливот на кадар од институциите, но рече и дека имало заклучок на Влада, со кој сите институции во кои има вработени со договор на дело да им дадат можност за редовен работен однос, особено на квалитетните работници. Последниве две недели речиси и да нема јавна институција што не објави оглас за нови вработувања за разлика од истиот период минатите години кога немало избори, па речиси и да нема огласи за нови вработувања.
 
„Струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари. Корисниците од третиот блок за сметка која до сега ја плаќале 4.000 денари, сега ќе треба да платат 4.120 денари. Дополнително на тоа ако имаат куќа на село, викендица, стан или втора куќа ќе платат и до 250 денари за мрежарина, со тоа вкупното покачување ќе биде и до 400 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 
Корисниците на електрична енергија од првиот блок кои имаат најмала потрошувачка од први јануари ќе плаќаат поевтина струја, цената на струјата за корисниците од вториот блок останува иста, а поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски ги соопшти нивите цени на струјата за домаќинства.
 

Зголемување на цените на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 % во однос на одлуката од 22.12.2023 година.
 
Поврзаноста и блиските односи со власта како главен критериум за добивање на грант од јавна тајна станаа и офијален критерум во условите за аплицирање на ФИТР, оценува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Економските политики на СДСМ обезбедуваат повеќе средства за сите граѓани, носат постојан раст на платите. Просечната плата во октоврми годинава според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 38.843 денари“, соопшти СДСМ.
 
Во тек е пријавувањето за финансиската поддршка за превоз на студентите која владата предводена од СДСМ ја обезбеди со новиот пакет антикризни мерки. Со мерката 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно, истакна Антонија Тодоровска од СДММ.
 
ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме. Ние сме земја лидер во регионот по реализација на ИПАРД програмата и тоа по неколку основи. Имаме најголема 100% реализација на ИПАРД програмата, нула евра повраток на средства и први во регионот започнавме со реализација на новата ИПАРД 3 програма.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.