All for Joomla All for Webmasters
Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со општина Бутел, ја започнаа кампањата за превенција од имотни деликти, која што е дел од проектот „Полицијата и граѓаните – заедно за поголема безбедност на Бутел“.
 

Прв фестивал на лубеница се одржа во Општина Бутел

За прв пат во Општина Бутел се одржа фестивал на лубеницата на кој 14 производители на лубеници ги изложија своите производи на фестивалот кој, според градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, ќе станде традиција во општината.
 

Денеска прв фестивал на лубеницата во Љуботен

Во Љуботен, општина Бутел, денеска ќе се одржи првиот фестивал на лубеницата.
 

Прв фестивал на лубеницата во Општина Бутел

Утре во Љуботен со почеток во 17:00 часот ќе се одржи првиот фестивал на лубеницата во Општина Бутел.
 

Без вода утре дел од општина Бутел

Поради уличен дефект од Ф-200 мм на ул. Бутелска во близина на полициската станица Бутел, без водоснабдување утре ќе останат корисниците   дел од ул. Хо Ши Мин, ул. Марко Крале, ул. Љубо Петровиќ, ул. Дабница, ул. Мрежичка, ул. Зуфер Мухиќ, ул. Коле Канински, ул. Призренска, ул. Галичник и ул. Мостарска во општина Бутел.
 

Без вода утре дел од општина Бутел

Дел од корисниците на општина Бутел утре од девет часот ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект од Ф-200мм на ул. Бутелска во близина на полициската станица Бутел.
 
40 ученици од основните училишта во општина Бутел кои во учебната 2017-2018 година постигнале значајни резултати на државните натпреварувања, денеска добија пофалници и училишен прибор од градоначалникот на општината.
 
Петтиот ден од ликовната колонија Љубанци 2018 денеска го одбележаа ликовните дела на учениците од основните училишта, кои својот талент го прикажаа на платно. Градоначалникот Велимир Смилевски им додели благодарници за учеството, како на учениците, така и на реномираните ликовни уметници од Македонија и странство.
 

Детски ден на ликовната колонија „Љубанци 2018"

Околу 20 најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел денеска ќе учествуваат на детскиот ликовен ден што се одржува во рамки на ликовната колонија „Љубанци 2018“. 
 
Граѓаните на Општина Бутел кои сакаат да остварат средба со градоначалникот на општината во рамки на приемниот ден кој се организира секој петок, најпрво треба да достават барање до архивата на општината, а потоа од општината ќе ги информираат граѓаните во кој период да дојдат за да ја остварат средбата со градоначалникот на која може да ги дадат своите предлози, идеи и проблеми со кои се соочуваат.
 
Од денеска до 20 јуни во холот на Општина бутел ќе биде отворена изложба на српската уметница и поетеса Наташа Радосављевиќ. На изложбата изложени се 15 слики, кои истите се ставени и на продажба поради големиот интетрес од граѓаните кои сакале да купат од изложените слики.
 
Учество во проектот за уредување на коритото на Серава, прифатена иницијатива з ДУП и дополнување на програмата за комунални дејности се точките кои денеска беа изгласани на деветтата седница на Советот во Општина Бутел.
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.