All for Joomla All for Webmasters

Ѓорче Петров

Денеска во просториите на Општина Ѓорче Петров, се одржа состанок на градоначалникот Митровски и општинската администрација со директорите на основните училишта и градинката „Росица” .
 
Улицата „Браќа Чакреви“ во општината Ѓорче Петров со должина од 330 метри и широчина од 6 метри е целосно реконструирана.
 
Во период од 1 до 19 септември по четврти пат ќе се одржи турнирот во мал фудбал ,,Ѓорче Петров Куп,, по повод празникот на општината. Пријавувањето на екипите трае до 31 август.
 
Со одстранување на старата и поставување на нова асфална подлога, заврши целосната реконструкција на улицата „ Браќа Чакреви“ во општината Ѓорче Петров.
 
Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија, Ивица Златевски, Томе Димоски , Раде Јанковски и Ацо Ангеловски кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како и општинската делегација од општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Сокол Митровски денеска положи цвеќе пред нивниот споменик во населеното место Волково.
 
Општина Ѓорче Петров информира дека поради високите температури се зголемува и опасноста од настанување шумски пожари на отворен простор и апелира за поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари. Граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите во рамки на своите можности, а претседателите на месните и урбани заедници да ја подобрат организациската поставеност на својата територија.
 
И Општина Ѓорче Петров преку соопштение апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно за да се спречи пожар поради високите температури. Од општината исто така соопштуваат дека јавните чешми се обновени и се во функција, а дефектите редовно се отстрануваат.
 
Општина Ѓорче Петров летниот период го користи за санација и реконструкција на училиштата и спортските сали. Во моментов се санира спортската сала во ОУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски“.
 
Општина Ѓорче Петров работи на санација на објектот ,,Кокиче,, на градинката ,,Росица,,. До почетокот на месец август се очекува овој објект кој згрижува 150 деца да добие комплетно нов лимен поктив.
 
Пожарот кај местото Чашка, во општина Ѓорче Петров кој избувна вчера, е локализиран и ставен под контрола.
 
На територија на Општина Ѓорче Петров се спроведе акција за чистење и уредување на општината. Во рамки на акцијата на повеќе локации се косеше трева и се уредуваше зеленилото.
 
Голем пожар во атарот на с. Чашка, Општина Ѓорче Петров зафати борова и друга шума.
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |