All for Joomla All for Webmasters

Град Скопје

Од 8 до 10 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите од скопското село Орман, потегот од магистралниот пат кон граничниот премин Блаце во општина Ѓорче Петров.
 
Шест лица се здобиле со тешки телесни повреди во шест од вкупно 35 сообраќајки случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје. Во 12 полесно биле повредени 12 лица, а во 17 била причинета материјална штета.
 
Во главниот град има потреба од промени во постојната мрежа на автобуски линии и од воведување нови градски и приградски линии. Скопјани велат дека постојните автобуски линии се недоволни и оти мора некогаш да менуваат по два или три автобуси за да стигнат на училиште или на работа. Реагираат на преполните автобуси и на доцнењата, сметаат дека тие се ретки навечер, за време на викенд, празници и за летниот период.
 
По повод Денот на пожарникарството во Македонија денеска и утре скопјани ќе имаат можност да се запознаат со функционирањето и работата на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
 
ЈСП-Скопје денеска потпиша договор со компанијата МАН Импортер Македонија, ексклузивен увозник на МАН за македонскиот пазар, за пробно користење автобус од типот Lion`s City A21 кој користи природен компримиран гас т.н. CNG. Договорот го потпишаа директорите на ЈСП Скопје и на МАН Импортер Македонија Кристијан Чушков и Ивица Вилјац.
 

Дел од Кисела Вода в понеделник без струја

Без електрична енергија в понеделник, од 5 до 11 часот ќе останат корисниците од улиците „Христо Татарчев“ бр.16, 16 а, 18, 18 а, 20 и 22.
 
Плоштадот Македонија денеска на пладне беше преплавен со матуранти. Со звуците од Штраусовата опера Лилјакот и со дадена заклетва за ненасилство, околу 1.000 матуранти го одиграа традиционално танцот квадрил.
 
Претставници на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје од 14 до 18 мај 2018 присувствуваат на Меѓународниот саем за менаџирање на води, отпадни води, груби материјали и отпад - IFAD 2018 во Минхен, Германија.
 

Четворица пешаци тешко повредени во Скопје

Четворица пешаци и еден сопатник на мотоцикл се здобиле со тешки телесни повреди, седум лица со лесни телесни повреди во единаесет од 14 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајки причинета е материјална штета. 
 
Корисниците од село Кондово утре од 8:30 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
 
Во тек е уписот за прием на деца во детските градинки. Но, младите родители се соочуваат со проблем за упис во градинка и неретко за нивните деца да бидат згрижени чекаат и по една година.
 
Сериозен проблем со водоводна инсталација ја кочи изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел. Градот Скопје работи на изнаоѓање техничко решение, за да може да продолжи изградбата.
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |