All for Joomla All for Webmasters

Илинден

Како дел од 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“ во Домот на култура „Илинден“, се одржа традиционалното Литературно матине за деца, на кое најмладите поклоници на пишаниот збор од основните училишта во општина Илинден имаа несекојдневна можност во исто време да се дружат со повеќемина познати македонски писатели за деца и млади.
 
За големината на литературната манифестација Илинден, говорат и звучните имиња кои токму тука ги промовираат своите литературни дела. Еден од нив е и Словенскиот амбасадор во Република Македонија, Милан Јазбец кој во рамки на манифестацијата ја промовираше својата книга.........
 
Веле Смилевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски и Славе Ѓорго Димовски се писателите на 70-те кои стихови од својот богат творечки опус ја збогатија литературната манифестација ,,Илинден 2018,,. Овие писатели со нивните дела оставија траен белег во македонската литература.
 
Во населеното место Кадино во Општина Илинден се гради систем за зафаќање и одведување на атмосферските води, со цел да се реши проблемот со високото ниво на подземните води и можноста од поплавување на куќите и имотите што го имаа околу 300 жители од ова населено место.
 

Општина Илинден центар на културните случувања

Со промоција на поетската книга ,,Триптих за Македонија,, од Раде Силјан и изложбата ,,Убава е Македониј,, од Новица Трајковски, започна 19-та Литературна манифестација Илинден 2018, која ќе се одржува во Домот на култура Илинден до 19-ти мај.
 
Во домот на култура „Илинден“ во општина Илинден вечер ќе биде отворена 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“. 
 

Литературна манифестација „Илинден 2018“

Во насока на промовирање на современите културни достигнувања, општина Илинден од 15 до 19 мај 2018 година, ќе ја организира 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“.
 
Јавното комунално претпријатие на општина Илинден прослави 20 години постоење. Свечено, како што доликува на големиот јубилеј, во Домот на култура во општина Илинден, во присуство на вработените, директорот на претпријатието, и градоначалникот Жика Стојановски, кој воедно бил и прв директор и основач на ова претпријатие беа доделени и награди и благодарници на најлојалните работници, кои оваа година прославија 20 годишен јубилеј.
 
Општина Илинден е прогласена за општина со најповолно бизнис опкружување од Република Македонија во рамки на регионалната иницијатива за промоција на поволно бизнис опкружување „Партнерство за конкурентен регион“.
 
Домот за култура Илинден беше преполн со убаво украсени црвени велигденски јајца, кои учениците ги подаруваа на секој што ќе донираше книга.
 
Општина Илинден во рамките на проектот Подобрување и модернизација на јавното осветлување, продолжува со активностите за проширување и реконструкција на мрежата за јавно осветлување  во сите населени места.
 
Во рамките на реализацијата на проектот Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферски води во општина Илинден, од општината информираат дека во текот на минатата недела комплетно е исчистена каналската мрежа во населено место Мралино во должина од 2500 метри, при што се изградени нови канали во должина од 800 метри.
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |